Категории

Илустраторка која на смешен начин го црта секојдневниот живот со дечко

31-годишната Ештер Гонзалес илустрира стрипови веќе некое време, откако сфатила дека канцелариска работа не ѝ одговара. Оваа уметница била заинтересирана за илустрации и стрипови уште од малечка. Била инспирирана од цртани, филмови, и најбитно, од нејзиниот живот. Таа сака да раскажува хумористични приказни од секојдневието и да ја прикажува реалноста на животот.

Во последно време, стриповите најчесто ѝ се во врска со животот со партнер, бидејќи животот сосема се променува откако ќе поканиме некого на толку интимна близина до нас. Подоле погледнете ги овие интересни стрипови, со додаден превод од наша страна.

Живеење заедно
Таа: Сигурно ќе ме сакаш исто? И со растурена коса и без шминка?
Тој: Секако, будалче.

Реалноста…

Или кога таа сака, или никогаш
Леле, ама е гнасно овде, веднаш ќе исчистам… Баш ми е топло, морам да се слечам!

Кога не сфаќа дека жените во списанијата не се вистински такви
Тој: Какви облини! Дали е реална!?
Таа: Фо-то-шоп!

Во шопинг
Тој, по долго чекање: Дали си готова?
Таа, рушувајќи акни: НЕ, НЕ ВЛЕГУВАЈ! (кон себеси): Светлото тука е одлично

Влакна на телото
На 25 години: О, не! КАТАСТРОФА, имам влакно на брадата, МОРА ДА ГО ОТСТРАНАМ ПРЕД ДА МЕ ВИДИ НЕКОЈ
На 35 години: Дојди легни ми на влакнестите гради

Плажа
На 25 години.
Тој: Сакаш ли да пиеме сангриа?
Таа: Иу, не, целото е со шеќер, летото само што почна и сум на диета.

На 35 години:
Таа: ДОНЕСЕТЕ МИ ЕДНА КОФА КАЛАМАРИ И МОХИТО

За добра ноќ
Што се случува ако партнерот хрчи…

Кога мажот си ја преценува силата
Таа: Што мислиш дека би бил ако беше животно?
Тој: Веројатно лав или друг брз и силен предатор.
Таа: Да, секако…

 

Прегледи:
939
Категории:
Уметност · Хумор
Објавено на:
14.09.2020