Категории

Им покажа на младите како се вежба

Еден 66 годишен човек го освои светот откако на социјалните мрежи се појави видео на кое тој вежба во еден парк во Боливија.

Господинот се појави во кошула, кафеави панталони и чевли и ги шокираше младите кои вежбаа на справите поставени во паркот. Најпрво тој се фати за шипката и почна да се крева нагоре, а потоа почна да се превртува околу поставените шипки и доби голем аплауз од луѓето кои го гледаа.

Со неверојатна леснотија и насмевка на лицето, 66 годишниот човек ја покажа својата неверојатна физичка состојба и на младите им докажа дека годините не се мерило за ништо.

Видеото го сними еден млад дечко кој се најде на игралиштето и ја објави снимката на својот профил на Инстаграм. Не требаше долго време видеото да се најде и на Фејсбук, каде е прегледано повеќе од 1 милион пати.

Прегледи:
446
Објавено на:
19.07.2016