Некои луѓе буквално учат додека се живи, а таков пример е човекот по име Леонардо Алтобели од Италија.
Неодамна ја доби 15-тата диплома и одлучи дека овде ќе стави крај на своето студирање.
Леонардо е доктор во пензија, бил градоначалник на родниот крај, а тоа што е навистина фасцинанто се дипломите коишто ги има стекнато и тоа од најразлични области.
Имено, има завршено факултети по право, политички науки, филозофија, педагогија, италијанска книжевност, аграрна наука, наука за технологија и храна, биотехнологија, историја, туризам, археологија и магистер по криминологија!
После ова, Алтобели вели дека остатокот од животот ќе го посвети на пишување книги за тоа што правел и која е причината за истото.
Посебна порака им испраќа на младите, да уживаат во тоа што го работат, да работат со страст и насмевка на лицето.