Категории

Имам доволно и заслужувам подобро

Постојат 2 важни збора/фрази кои ќе ви го променат животот до непрепознатливост. А тоа не се зборовите „благодарам“ ниту пак „те молам“, како што нѐ учеле во детството. Тоа се зборовите „доволно“ и „заслужувам“.

Да започнеме со „имам доволно“. Зошто патиме во животот? Постојано нешто ни недостасува. Нема доволно пари, нема доволно љубов, нема доволно внимание, нема доволно самодоверба итн. Што ако наместо да се занимавате со недостатоците, почнете да размислувате за богатството?

Конечно, Универзумот, Бог или Животот, во зависност од тоа како ја замислуваме вишата сила, ни го дава она за кое што размислуваме од ден на ден.

Обидете се да си кажете себеси „Имам доволно љубов“. Како се чувствувате кога ќе го кажете ова? Сигурно чувството на радост во вас полека расте. Преминете на: Имам доволно пари! Имам доволно здравје! Имам доволно среќа! Имам доволно здравје! Имам доволно радост! Имам доволно убавина и самодоверба! Имам доволно креативна енергија! Имам доволно самоконтрола!

Да го разгледаме другиот израз: „Заслужувам подобро/повеќе“. Ако нешто немаме, тогаш тоа или не ни треба или најчесто сметаме дека не сме достојни за него. Затоа, секогаш имајте ги овие реченици во глава. Јас го заслужувам тоа! Заслужувам љубов. Заслужувам пари. Заслужувам задоволство, нежност и наклонетост. Ја/го заслужувам саканиот/саканата маж/жена. Заслужувам сѐ најдобро во животот.

Прегледи:
413
Објавено на:
29.12.2021