Категории

Имате кошмари? Постои начин да се ослободите од нив!

Кошмарите можат да бидат непријатни кога ќе станат чести. Тие, не само што го нарушат вашиот сон, туку предизвикуваат и негативни последици за вашето емоционално и ментално здравје. Но што ако ви кажеме дека постои начин да се ослободите од нив?

Додека спиеме нашето тело се обновува и се подготвува за следниот ден, но нашиот ум останува активен. Тој ги обработува информациите кои ги собрал во текот на денот. Постојат многу причини зошто имате кошмари. Некои од нив се здравствени проблеми, лекови што ги земате, висок притисок и трауматски искуства од минатото.

Ако сте од оние кои често имаат кошмари, ова можете да го направите за да ги запрете:

Сино светло – сино светло емитираат многу уреди, што може да влијае на вашиот сон. Избегнувајте да го користите вашиот телефон и другите електронски уреди додека се обидувате да заспиете.

Најдете ја вистинската причина за кошмарите – консултирајте се со експертите за да ја најдете причината за кошмарите.

Разговарајте со некого – зборувајте со некого кому му верувате и кој може да ви помогне да се чувствувате подобро.

Редовно спиење – кошмарите можат да бидат резултат на наизменичен и неправилен сон. За да ги спречите, обидете се да спиете редовно.

Намалување на стресот – стресот е причина за многу здравствени проблеми. Вежбајте, медитирајте и прилагодете ги вашите активности за да ви помогнат да останете опуштени.

Терапија – постојат когнитивни терапии кои ќе ви помогнат да ги намалите кошмарите. Додека сте будни, замислувајте дека мирно спиете.

Прегледи:
682
Објавено на:
29.11.2018