Категории

Имате проблем со концентрацијата? Следете ги овие правила!

Не ви се потребни никакви препарати, доволно е да ги испочитувате овие правила.

Не избегнувајте кофеин

Само малку кофеин го буди мозокот, ја подобрува концентрацијата, ослободува од стрес, го полни телото со енергија и ви помага подолго да живеете. Ако кафето не е вашиот омилен пијалак, кофеинот се наоѓа и во енергетските пијалаци, аналгетиците, сладоледот или водата со вкусови. Влијанието на кофеинот врз меморијата е краткотрајно, а од друга страна премногу кофеин може да доведе до нервоза и непријатност.

Јадете боровинки

Ова вкусно овошје го штити мозокот од оксидативен стрес и ја намалува можноста за болести поврзани со стареењето, како Алцхајмеровата болест или сенилност. Истражувањата покажуваат дека боровинките ја подобруваат способноста за учење, но и моторичките способности.

Појадувајте

Не е потребно да се повторува колку е лошо за здравјето да се прескокнува појадокот, но новите истражувања покажуваат колку е важен за работата на мозокот во текот на денот – со појадокот дајте му ја потребната енергија.

Магнезиум

Најделотворен начин за зголемено внесување на магнезиумот е храната, а тој може да помогне во одбрана против губитокот на памтењето и намалената концентрација. На овој начин полесно се апсорбира отколку од додатоците на исхраната. Храната која треба почесто да се консумира ги вклучува бадемите, бразилските ореви, квасецот, морските алги, кикириките, семките од тиква и житариците од цело зрно.