Категории

Имате силна хемија но одеднаш тој губи интерес? – Еве во што е проблемот

Мажите на кои им се потребни нови освојувања за да си го подигнат егото се несигурни. Тие губат интерес кога жената ќе покаже интерес, затоа што на некој начин се чувствуваат недостојни. Па така тие мораат да тргнат во потера по нова жена за повторно да се почувствуваат вредни.

Имате силна хемија, чувствувате дека се поврзувате. Возбудата започнува и сметате дека тоа може да биде тоа, но оденаш нешто се променило.
Мажите се програмирани на тој начин да го сакаат ловот. Се возбудуваат секој пат кога нова жена ќе ги смета за атрактивни, забавни, паметни и неодоливи. Тие прават се што можат за да си докажат на себеси дека можат да ја добијат таа жена.

Но кога еднаш ќе покаже интерес, и тој всушност ќе ја добие, повеќе нема што да докажува. Се појавува неговиот страв од предаденост и неговиот прв инстинкт е бегство. Така тргнува кон следно освојување за да може повторно да го поттикне своето его.

Мажите на кои им се потребни нови освојувања за да си го подигнат егото се несигурни. Мажите кои се вклопуваат во оваа категорија се емоционално недостапни и никогаш не биле заинтересирани да бидат во врска.

Ако премногу размислувате за иднината, и почнете да ја сфаќате врската премногу сериозно прерано, тоа ќе го уплаши. Ако изгуби интерес и се повлече, пуштете го. Немојте да паѓате во драмата. Сфатете дека не можете некого да го присилите да биде заинтересиран за вас.