Категории

Имиња за бебе кои значат „љубов“

Доколку сте во потрага по оригинално име за своето бебе и не ви е важно што не е од домашно потекло, погледајте го списокот на преубави имиња кои потекнуваат од зборовите “те сакам“ и “љубов“.

Поголемиот број од необичните имиња ретко ќе ги слушнете на нашите простори, но тие сепак се прекрасни и се однесуваат на најубавите емоции за кои љуѓето се способни.

Калина – Во Австралија значи ТЕ САКАМ.

Мина- убаво германско име за девојки кое значи МАЛА САКАНА.

Аико – јапонско популарно име за девојки, значи МАЛА САКАНА.

Амадео – на португалски и на шпански значи САКАЈ ГО БОГА.

Амора – на шпански значи ЉУБОВ.

Есме – на старофранцуски значи ДА САКАШ.

Прем – на индиски значи ЉУБОВ.

Нејли – така Индијците од Мексико ја нарекувале ЉУБОВТА.

Давид – често еврејско име што значи ОМИЛЕН, НАЈСАКАН ОД СИТЕ.

Аиме – значи ОБОЖАВАНА на стар фаранцуски јазик.

Ахава – уште едно еврејско име што значи ПРИЈАТЕЛСТВО, САКАНА.

Лололи – во Афика значи СЕКОГАШ ПОСТОИ ЉУБОВ.

Калила –  на арапски значи ДРАГА, ЉУБЕНА.

Феми – во стар Египет овој збор бил знак за ЉУБОВ.

Шери  –  на француски значи ДРАГА, САКАНА.

Халиа – на Хаваи ова име значи СЕЌАВАЊЕ НА ДРАГА  ОСОБА.

Кара  –  САКАНА  на италијански.

Мила – на руски значи МИЛЕНИЧКА КАЈ ЛУЃЕТО, САКАНА ОД СИТЕ.

Прегледи:
539
Објавено на:
12.09.2021