Зоолошката градина во Скопје никогаш не била поактуелна, иако постои долги години наназад. Животните само по себе се интересни и забавни, но за да се предизвика толкава заинтересираност кај граѓаните, потребна е голема креативност, концепт и секако негова реализација.
Најверодостојна мерна единица за успехот е посетеноста, па така овие 7 денови, од понеделник до недела, Зоолошката градина беше домаќин на 28.000 посетители, со редицици до улица исполнети со дечиња и нивните родители кои со нетрпение чекаа да се дружат со животните.
Заслугата за најголемата посетеност од постоењето на Зоолошката градина во Скопје, секако се препишува на одличното менаџирање од страна на директорот Ѓорги Галетановски и целиот Зоо тим.
„Оваа недела повторно создадовме нов рекорд на посетеност на Зоолошка градина, што секако за мене и мојот тим е најголем доказ дека ги оправдуваме очекувањата на посетителите и ме мотивира за создавање уште поголеми настани и изненадувања“,
вели директорот Галетановски и додава: „Сакам да создадам една поинаква навика каде што посетувањето на Зоолошка нема да биде само настан за семејството, туку начин на живот. Се трудиме да го привлечеме вниманието на најмладите посетители и да ги предизвикаме да ги заменат телефоните и таблетите со дружење во Зоолошката градина, каде што истовремено ќе се забавуваат и ќе се едуцираат.“
Очекуваме уште многу изненадувања од тимот на Зоолошка градина Скопје, а вие потрудете се секојдневно да ја пренесувате љубовта кон животните кај најмладите и да креираме едно среќно општество полно со љубов и емпатија.