Категории

Инаетот – тивок убиец на љубовта!

Што се случува кога инаетот ќе се вмеша во партнерскиот однос? Тоа е показател на недостаток на самодоверба, страв од блискост, неможност да се контролирате себеси и одредени ситуации

„Го сакам, но не сакам да му го кажам тоа. Ќе си докажам на себеси дека можам да го имам.“
„Ако денес таа не сака да излезе со мене, нема повеќе да ја барам. Ќе види таа кога ќе ја смувам нејзината другарка.“
„Доколку ме повика на кафе, ќе излажам дека сум зафатена..“
Така звучи тоа кога инаетот ќе се вмеша во љубовта. Тој ја гасни нежноста, блискоста и искреноста. И баш како што тој е најлоша можна особина, исто така претставува и убиец на чистите емоции.

„Таму каде што владее инаетот, љубовта не постои. Зрелата љубов подразвира взаемност, остварување, креативност, превземање иницијатива“ – вели докторката психолог Бауер од германската клиника.
„Во зрелата љубов двајцата партнери заедно растат и созреваат. Таа ги придвижува нив и нивните битија, ги тера да еволуираат. Во неа нема место за негодувања и неспоразум.“

Кога со некој ќе влеземе во врска само од инает – само да би си докажале на себеси дека можеме да ја имаме таа особа, или тоа истото да им го докажеме и на другите, што воопшто може да се роди од таквиот однос? Уште од стартот посегнуваме по тежок облик на манипулација, а тоа значи дека свесно се одрекуваме од искреноста. Понекогаш се тешиме дека мораме, за да ни биде подобро. Но истражувањата докажуваат дека таквите потези се погрешни.

Инаетот понекогаш може да биде позитивен, но во многу мал број случаи, најчесто во смисла да издржиме во нешто само да би си докажале на себеси дека сме способни и успешни. Тоа може позитивно да влијае на личноста и сликата за нас. На пример, можеме да се заинаетиме некого да заведеме и освоиме, некој кој го перцепираме според нашите критериуми дека поседува поголема вредност од нас. Ако успееме во тоа, може да ни се подигне нивото на самодоверба, но прашање е како ќе се развива тој однос. Затоа што ако стапиме во врска само поради мотивот да освоиме некој „трофеј“ и да докажеме на себеси или на другите дека можеме, веќе сме ја исполниле целта и логично е да не покажуваме мотиви за продолжување на односот. Исто како и кога веќе не можеме да ја толерираме самотијата и мораме да влеземе во емотивна врска со било кој. Таа нема да ни донесе ништо кое ќе не усреќи вистински – вели психологот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Прегледи:
943
Објавено на:
24.09.2019