Категории

Индиска приказна за ЉУБОВТА која ќе засекогаш ќе го промени вашиот поглед кон неа

Никогаш нема да ја заборавите..

Кога Створителот завршил со создавањето на мажот, бил свесен дека ги искористил сите свои состојки кои му биле на располагање. Немало повеќе ништо трајно, стабилно, цврсто од што би можело да ја создаде жената.
Создавачот веќе долго време размислувал и на крајот земал: прав од месечината, издржливост од виновата лоса, треперење од тревата, виткост од трската и цветање од цветовите, леснотија од листовите и светлина од сончевите зраци, плачливост од облаците и несигурност од ветровите, плашливост од зајаците, грациозност од пауните, нежност од птичјите перја и цврстина од дијамантите, слаткост од медот и лутина од тигарот, жар од огнот и студ од снегот, зборливост од папагалот и песна од славејот, дволичност од лисицата и верност од мајката лавица.
Ги помешат сите тие нетрајни елементи. Створителот ја создал жената и му ја дал на мажот.

После една седмина мажот дошол кај него и му рекол:
„Господе – созданието кое ми го даде многу ме унесреќува. Толку зборува и ме мачи немилосрдно што неможам да воздивнам. Сака постојано да се грижам околу неа и така губам време. Плаче за секоја ситница и живее безработно. Дојдов да Ти ја вратам, затоа што неможам да живеам со Неа.“

-Добро – одговорил Создавачот и ја земал назад кај себе.

После седмина мажот се вратил и рекол:

„Господе, откако ти го вратив она создание, животот ми стана толку празен. Постојано мислам на неа – како играше и пееше, како ме гледаше под око, како ме задеваше и како се потпираше на мене. Беше толку убава и толку нежна на допир. Обожавав да го слушам нејзиното смеење. Те молам, врати ми Ја назад.“

-Добро – одговорил Создавачот. И мажот повторно ја земал кај себе.

После три дена, мажот повторно дошол и рекол:

„Господе не разбирам, и не знам како да го објаснам тоа, но после сите мои искуства со она создание дојдов до заклучот дека ми создава повеќе проблеми отколку радост. Те преколнувам, земи ја назад. Не можам со неа да живеам!“

-Но не можеш да живееш ни без неа – одговорил Створителот. Потоа се заврил со грбот кон мажот и продолжил со својата работа.
Мажот сиот разочаран рекол: „Што да правам? Нити можам да живеам со неа, а нити без неа..“

Љубовта е чувство кое треба да се учи.
Таа е напнатост и остварување.
Таа е голема носталгија и непријателство.
Таа е радост и болка.
Нема едно без друго.
Среќата е само дел од љубовта – она што треба да го научиш. Страдањето исто така спаѓа во љубовта. Тоа е тајната на љубовта, нејзината убавина и нејзиниот терет. Љубовта е чувство кое треба да го учиш.

Прегледи:
555
Објавено на:
30.11.2019