Категории

Инфлуенсерка демонстрира колку фотографиите можат да бидат нереални

Држењето, осветлувањето и аголот на сликање во голема мера влијаат на тоа како изгледаме на фотографиите. Како резултат на тоа, многу фотографии на социјалните мрежи изгледаат совршено, додека луѓето што позираат на нив не се толку идеално конструирани или имаат некои недостатоци.

Инфлуенсерката Џорџи Кларк одлучи да го докаже тоа, па се фотографираше во две различни пози за само неколку секунди. На првата фотографија има рамен стомак, додека на втората покажа како изгледа кога не позира. „Се е во позицијата. Знам дека е тешко да се поверува, но инфлуенсерките и моделите буквално усовршија како да го трансформирате вашето тело и да го покажете во најдобро светло. Кога се занимавате со овој бизнис, фотографирате секој ден. Анализирате што изгледа добро, а што не, и пробувате стотици различни пози за само една фотографија“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)

Таа истакнува дека човек толку брзо учи што изгледа привлечно, а што не.

„Кога објавуваме фотографии, ги објавуваме оние што најмногу ни се допаѓаат, кои вклучуваат најдобро осветлување, најдобар агол и најдобра поза. И да не заборавиме дека ако ниту еден од овие елементи не е добар, можеме да ја ретушираме фотографијата и да ја направиме совршена “, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)

Ова, тврди таа, одлучила да го сподели за да испрати важна порака до луѓето.
„Се обидувам да ви кажам да престанете да се споредувате со инфлуенсерките и моделите, бидејќи тоа не е вистина. Нашите фотографии се внимателно избрани и изменети и се целосно нереални. Вие сте совршени онакви какви што сте “, заклучила таа и собрала 29 илјади лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgie Clarke (@georgie.clarke)

Прегледи:
605
Објавено на:
10.08.2021