Студена и влажна воздушна маса во два удари (вторник и четврток-петок) треба да донесе снежна покривка која може да достигне од 50-70 см во некои ски региони. Најмногу снег се очекува во зоната на Шарско-Корабската група планини, ски центрите Маврово и Попова Шапка.
Снег ќе има во сите ски региони и туристички места, а се очекува викендот што следи да бидат оперативни ски лифтовите и патеките низ сите ски центри, Попова Шапка, Маврово, Крушево, Пелистер со своите двата ски центри Копанки и Нижополе и Пониква на Осогово.
На Кожуф во функција се неколку угостителски капацитети за сместување, а до таму пристапот е отежнат и препорачливо е движење со теренско возило и задолжителна зимска опрема. Секако не ги заборавајте за посета и уживање во снежна идила, Голак и Берово.
Засилен северен ветар во четврток до викендот на планините ќе донесе многу ниски утрински и дневни температури од – 10°С до -20°С.
Извор: http://skimacedonia.mk/