Категории

Информација која сите учесници на Скопскиот Маратон 2017 мора да ја знаат!

Овогодинешниот Скопски Маратон ќе се одржи на 7-ми мај, а сите учесници на истиот мора своите стартни пакети да ги подигнат пред тој датум, бидејќи на денот на трката нема да се издаваат стартни пакети.

Информацијата објавена на официјалната страна на Скопскиот Маратон е дека подигнувањето на стартните пакети за Виз Ер Скопски маратон 2017, ќе биде на 5 и 6 мај во Хотел Парк и Спа, од 10 до 19 часот, кој се наоѓа веднаш позади Северната трибина на Градскиот стадион.

При подигање на стартните пакети потребно е да се покаже потврдата која ви е испратена на емаил или документ за лична идентификација, лична карта или патна исправа за странските натпреварувачи, важно е да се знае дека без овие документи нема да може да се подигне стартниот пакет.