Еднаш, една група мажи разговарале за тоа како изгледа најубавата жена на светот. Еден од нив сакал кафени, друг девојки со руса коса, третиот црни девојки, а четвртиот девојки со продорен поглед.
Постојано се расправале за тоа каква треба да е најубавата од нив. Некои сакале високи девојки, некои слаби. Почнале жестоко да се расправаат со денови, не успевајќи да најдат решение и најдобар одговор. Гледајќи дека така нема да стигнат до најдобро решение, одлучиле да му се обратат на најмудриот човек од нивниот град и да го слушнат неговото мислење.
Во еден глас го прашале:
- Се расправавме, но никако не можеме да разбереме. Кажи ни ти нам, мудар човеку… која жена е најубава на светот?
Старецот долго гледал во нив смеејќи се. На крајот одговорил:
- Онаа која ја сакаш. Таа е најубавата жена на светот.