Категории

Инспиративни мисли за животот

Животот е секојдневна борба со безброј предизвици. Убави и тешки ситуации, моменти, спомени. Постојат периоди кога забораваме на вистинските вредности и потонуваме во тага предизвикана од одредена причина.

Ова се некои од најубавите инспиративни мисли за животот, кои ќе ве потсетат дека ништо не е вечно и се може да се промени.

„Бидете среќни поради овој момент, бидејќи овој момент е вашиот живот“

„Доколку зборот „благодарам“ е единствената молитва која ја изговарате во животот – тогаш тоа е сосема доволно“

„Понекогаш неопходно е да се откажеме од замислата за животот кој што сме го испланирале, за да го прифатиме животот кој ни се случува“

„Поентата на животот не е во пронаоѓањето на себе си, туку во креирањето на својата личност“

„Најголемиот подарок во животот е пријателството, доколку го добиете тогаш сте навистина среќни“

„Не дозволувајте да потонете во минатото, не сонувајте за иднината, живејте ја сегашноста“

„Насмевнувајте се кога го гледате вашиот лик во огледало. Правете го тоа секое утро и ќе почнете да ја согледувате разликата“

„Животот е 10% од тоа што ви се случува и 90% како реагирате на сето тоа“

„Само јас можам да го сменам мојот живот. Никој не може да го стори тоа за мене“

„Во животот постои само една среќа. Да сакаш и да бидеш сакан“

„Секој од нас го посетува овој свет само накратко. Затоа, не брзајте, не се грижете и одвојте време да уживате во мирисот на цвеќињата по пат“

„Колку и да изгледа тежок животот, секогаш постои нешто што може да направиме и да успееме во тоа“

„Животот е како возење велосипед. За да ја одржите рамнотежата неопходно е да продолжите да се движите“

„Јас уживам во животот кога се случуваат нештата. Без разлика дали се добри или лоши, тие покажуваат дека сум жив“

„Вистината е дека не знаеме што не чека утре. Животот е лудо патување и ништо не е загарантирано во него“

Прегледи:
5643
Објавено на:
31.01.2018