Лошите вести за тероризам, убиства и насилства секојдневно го потресуваат светот.
Последниот вооружениот напад кој се слчи во средното училиште во Паркленд, Флорида, навистина ги погоди луѓето ширум светот. Во нападот, 17 лица ги загубија своите животи.
Затоа, родители на петтоодделенци најдоа креативен начин да им помогнат на нивните деца да заборават на негативноста. Тоалетите во основното учичиште ги испишаа со инспиративни цитати и пораки за барем додека се во школо, децата да се фокусираат на позитивните работи и подобрувањето на самите себе.
Со оглед на тоа дека многу деца секојдневно се соочуваат со многу негативност, со овој проект наречен „Среќа“, родителите сакаат да ги поттикнат децата да веруваат во моќта на ширење љубов, добрина и позитивност низ кампусот.
Погледнете ги инспиративните пораки.