Категории

Инспиративни цитати и животни приказни на жените кои оставила силен белег во историјата

Во историјата, но и во секојдневието има многу инспиративни жени чии дела го промениле светот, нивните животни приказни се вистинска инспирација и мотивација.

„Покрај се, верувам дека луѓето имаат добро срце“ – Ана Франк (1929-1945)

Анели Мари „Ана“ Франк (1929 – 1945) била германско девојче од еврејско семејство од градот Франкфурт Ана со своето семејство се преселила во Амстердам во 1933 година, откако нацистите дошле на власт во Нацистичка Германија и се стремеле за окупација на Холандија која започнала во 1940.
Таа со своето семејство се криеле во собите од работната зграда на нејзиниот татко, а после две години биле пронајдени и испратени во концентрационите логори. Седум месеци по нејзиното апсење, Ана починала од тифус во концентрациониот логор Берген – Белзен, набрзо умрела и нејзината сестра Маргот Франк. Нејзиниот татко Ото останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во 1947 година. Дневникот којшто и бил даден на 13-тиот роденден претставува хронологија на настаните од тој ден, па се до 1 август 1944 година,
Дневникот служи како сведоштво на животот за време на Холокаустот и стана една од најчитаните светски книги.

„Не можат сите да прават големи работи. Но може да правиме мали работи со многу љубов.“ -Мајка Тереза (1910-1997)

Најголемата хуманитарка и добитник на Нобелова награда. неуморно работеше на помагање на останатите се до нејзиниот последен здив во септември 1997 година.

„Во општество каде мажите се самоуверени за својата вредност, жените не само што се толерирани, туку се и ценети.“ Аунг Сан Су Чи  (1945)

Бурманскиот опозициски политичар Аунг Сан Су Чи била во домашен притвор 15 години за нејзината преддемократска кампања. Таа беше ослободена во 2010 година по меѓународна кампања за да биде ослободена. Таа освои Нобелова награда во 1991 година кога било кажано дека „борбата на Су Кји е еден од најубавите примери на граѓанска храброст во Азија во последниве децении.“

„Мислев дека тоа ќе нè врати 50 години ако не победам на тој натпревар. Тоа ќе ја уништи женската турнеја и ќе влијае на самодовербата на сите жени.“ Били Жан Кинг (1943)

Aмериканската тениска легенда и победник на 20 титули на Вимблдон, славно го победи Боби Ригс во 1973 година за награда од 100.000 долари во “Битката кај половите”, откако тој и рече дека мажите се супериорни спортисти.

„Сите треба да бидат ценети. Секој има потенцијал да даде нешто значајно.“ – Дијана, Принцезата од Велс  (1961-1997)

„Демократијата е најдобрата одмазда“ – Беназир Буто (1953-2007)

„Се уште има многу каузи за кои вреди да се жртвуваш, многу историја чека да биде направена.“ Мишел Обама (1964)

„Бидете благодарни за тоа што го имате; ќе имате многу повеќе. Ако се фокусираш на тоа што го немаш, никогаш нема да имаш доволно.“ Опра Винфри (1954)

„Мислам дека чувствата се губат со зборови, тие треба да се дестилираат во акции што носат резултати”. – Флоренс Најтингел (1820-1910)

„Јас сум силна, јас сум амбициозна, и знам точно што сакам. Ако тоа ме прави кучка, во ред”. Мадона  (1958)

„Модата избледува, стилот е вечен“ – Коко Шанел  (1883-1971)

Нејзината мајка била перачка на алишта и работела на тезга на локален маркет. Пред да стане еден од најголемите дизајнери во светот, таа пеела во клуб и правела шапки.

„Мора да имаш стил. Ти помага да станеш наутро. Тоа е начин на живот. Без него сте ништо. И не зборам за тоа да имаш многу алишта.“ Диана Вреланд (1903-1989)

Таа имала големо влијание на модата во 20-тиот век. Работела како колумнист во Harper’s Bazaar од 1937 до 1962 и за Vogue од 1963 до 1971.

„Напорната работа спречува да ти се појават брчки на мозокот и духот.“ Хелена Рубинштајн (1870-1965)

Таа емигрирала во Австралија во 1902 година без пари и без да знае англиски. Ја основала една од првите козметички компании во светот по мешањето на ланолинот, маснотиите пронајдени во мерино овчата волна со миризливи цвеќиња. Тоа ја направило најбогатата жена во светот во тоа време.

„Можеш да ми го врзеш телото, да ми ги врзеш рацете, да владееш со моите постапки: ти си посилен и општеството те прави уште посилен, но на мојата волја господине, не можеш да и направиш ништо“ – Џорџ Санд (1804-1876)

Таа била француски романсиер и есеист од 19 век, била социјалист. Таа ги шокирала круговите на високото општество, облекувајќи машка облека во јавност. Како социјалист, таа започнала свој весник кој бил објавен во работнички кооператив.

 

„Тука сме не затоа што кршиме закони, туку заради нашите напори да станеме создавачи на закони“ – Емелин Панкхруст  (1858-1928)

Таа била страстен феминист, влијателна жена активист која заедно со нејзинот сопруг се бореле во доцниот 19-ти и почетокот на 20-тиот век за правата на жените. По смртта на нејзиот сопруг, таа со нејзините три ќерки ја формирала The Women’s Social and Political Union – најпозната по правата на жените за гласање.

„Невозможно е да живееш без да доживееш неуспех, освен ако живеете толку претпазливо што можеби не сте живееле воопшто – во тој случај, вие воопшто не сте успеале.“ Џ.К. Роулинг (1965)

Од сиромаштија до продадени 400 милиони копии низ светот, авторката после многу порази, конечно со Хари Потер се искачи на врвот.

„Доколку ги почитуваш сите правила, ќе ја пропуштиш целата забава.“ – Кетрин Хепберн (1907-2003)

Позната по улогите на силни жени кои ги играше во нејзините филмови. Освои четири оскари за најдобра актерка, досега го има рекордот за освоени награди. Нејзиниот неконвенционален, неконформистички избор на машки стил направи носењето панталони да биде прифатливо за жените, што во тоа време во голема мера се сметаше за табу.

„Не можам да ве водам во битка. Јас не носам закони, ниту носам правда, но можам да направам нешто друго – можам да ви го дадам моето срце и мојата посветеност на овие стари острови и на сите народи на нашето братство на народи.“ – Кралицата Елизабета Втора (1926)

Влезе во историјата како монарх кој најдолго се задржал на тронот на Британското Кралство. 

„Во многу случаи, маршот кон глобализацијата, исто така, значеше и маргинализација на жените и девојките, а тоа мора да се промени”. – Хилари Родам Клинтон (1947)

 

„Знаев дека некој треба да го направи првиот чекор и решив да не се поместам.“ – Роза Паркс (1913-2005)

Позната како „првата дама на граѓанските права“, таа беше пионер во борбата за граѓанските права во цегрегирана Алабама во 1950-тите години. Во 1955 година одбила да го отстапи седиштето во автобусот на друг патник-белец во автобус во Монтгомери, Алабама, одбивајќи ги наредбите на возачот. Овој нејзин акт беше искрата за бојкотот на автобусите во Монтгамери.

„Простувањето е доблест на храбрите“ – Индира Ганди (1917-1984)

Таа беше премиер на Индија 15 години, го поплочи патот на демократија во државата до нејзиниот атентат во 1984 година.

„Најважно е да уживате во вашиот живот – да бидете среќни – само тоа е важно“ – Одри Хепберн (1929-1993)

Освен тоа што е една од најпознатите актерки во историјата, Одри својата слава ја насочи кон добри цели кога стана Амбасадор на УНИЦЕФ. Патуваше низ земји како Етиопија, Еквадор и Бангладеш, зборуваше за проблемите и поттикна останати славни личности да го прават тоа.

Познатата Мадам Кири, полско – француски научник, физичар и хемичар, првата личност која добила две Нобелови награди. Првиот жена професор на Универзитетот во Париз и првата дама која била заштитена во францускиот национален мавзолеј, Париз Пантеон, и тоа се врз основа на сопствените заслуги.