Категории

Инспирирајте се од овие совршени и необични зимски невестински бидермаери

Зимскиот период е одличен период за свадби, снежната прекривка, романтичните светла и пријатната и топла празнична атмосфера се одлична причина да се одлучите за зимска свадба. 

Покрај венчаницата, која е многу значајна за невестата и која зрачи со топлина и стил, бидермаерот исто така е многу важен додаток. Иако зимата најчесто го ограничува изборот на цвеќиња кои можат да се користат за невестинскиот букет, сепак е одлична прилика да создадете нешто уникатно, романтично и различен од останатите.

На пример,  бидермаерот може да се состои од божиќни црвени топчиња, шишарки, зимзелени гранки.  Доколку  се подготвувате за  свадба, а не знаете каков бидермаер да одберете, погледнете ги овие интересни идеи за зимски бидермаери и инспирирајте се.

За вашата зимска бајковита приказна потребен е идеалниот простор, а ресторанот Аликас со својот пријатен, романтичен и луксузен амбиент е совршен за прослава скроена по вашите желби.

Прегледи:
1075
Објавено на:
20.11.2017