Категории

ИНСТАГРАМ ГО ПРОМЕНИ ИЗГЛЕДОТ НА СВОЕТО ЛОГО

Една од најпрепознатливите икони во светот на апликациите Инстаграм, го менува своето лого. Сервисот за споделување на фотографии, чиј сопственик е компанијата Фејсбук ги ажурираше iOS и Андроид мобилните системи со нов, колоритен дизајн за иконата. Останатите апликации на Инстаграм, како Layout, Hyperlapse и Boomerang, исто така, имаат слични редизајни.

На новиот дизајн на Инстаграм има полароидна камера со виножито, со акцент на посветол и поминималистички изглед. Причината за оваа голема промена, според раководителот за дизајн на Инстаграм Иан Спалтер, била да се вклопи дизајнот со естетиката на корисниците на апликацијата.

„Логото и дизајнот на Инстаграм веќе не ја одразуваше заедницата и искрено, мислевме дека може да го направиме подобро“, напиша Спалтер.

„Додека логото е колоритно од надвор, кога ќе влезете во апликацијата, веруваме дека бојата треба директно да дојде од фотографиите и видеата на заедницата“, додава тој.

Дополнително, компанијата, исто така, ги ажурираше и навигациските икони како „дома“, „камера“, „активност“ и копчето за преглед на профилот.

 

 

Прегледи:
375
Објавено на:
12.05.2016