Од денес Инстаграм на своите корисници им нуди интересна опција. Сега корисниците на еден телефон можат на апликацијата да додадат повеќе сметки, со што тие што имаат повеќе инстаграм профили нема да треба да се логираат и одлогираат постојано.
Ова е новина што се очекуваше од Ноември минатата година, кога прв пат беше тестирана оваа опција на Андроид платформата, а сега откако е тестирана и на iOS, е пуштена во употреба.
Корисниците кои имаат повеќе профили, приватни, бизнис или пак од нивните миленици се многу среќни со новата опција бидејќи им е многу поедноставно да менаџираат меѓу различните профили.
Процесот е едноставен, се оди во settings и најдолу на опцијата add new accounts. Лесно и прегледно се гледа од кој профил работите, односно кој е активен.
Во текот на неделата се очекува овој апдејт да е достапен за сите корисници на овие две мобилни платформи.