Категории

Инстаграм модел со 290000 следачи која сосема сама си ги припрема фотосесиите!

Секоја фотка на инстаграмот на Kimberly Douglas изгледа како насловна страна од модно списание.

Облеката, шминката, осветлувањето, постпродукцијата, се’ зрачи со квалитет, она што би го очекувале од фотографии продуцирани од страна на огромна екипа. Но, Кимберли стои сама позади буквално се’.

Си ја користи гостинската соба во куќата како студио, и прави фотосесии на позадини и со реквизити кои си ги креира самата, од ништо. Понекогаш користи и надворешен простор. Таа може да ги трансформира најобичните објекти во парче приказна.

Кимберли навистина сакала да биде модел, но не можела да си дозволи професионални апарати, ни па фотографи или продукција за да ѝ ги прават фотографиите. Првите фотографии си ги правела со телефонска камера, и всушност се обидувала да направи портфолио за да аплицира во некоја модна куќа.

Сега, бидувањето пред и зад камерата на Кимберли ѝ станало еднакво важно. Идеите за фотографии кои ги има во главата, смета дека можат да се остварат само доколку самата си ги фотографира. Иако сега има доволно средства за добра опрема, таа ја користи таа опрема, но се’ други прави сама. Шминката ја чува на минимум, а креативноста на максимум.

Model-Shows-How-She-Makes-Incredible-Photos-Kihmberlie

Model-Shows-How-She-Makes-Incredible-Photos-Kihmberlie

Model-Shows-How-She-Makes-Incredible-Photos-Kihmberlie

Behind-The-Scenes-Kihmberlie

Прегледи:
643
Категории:
Фотографија
Објавено на:
28.09.2020