Играчките се прекрасни подароци за децата од сите возрасти. Особено рачно плетените играчки кои се различни од сите други. Тие покрај тоа што се слатки,се неверојатно меки и нежни!
Тимот на Среќа.мк имаше одличен разговор со Наде(60), која се занимава со плетење и изработува плетени играчки. Таа ја сподели со нас нејзината приказна за плетењето.
“Скоро 50 години се занимавам со плетење. Тоа ми е хоби од мојата 12 годишна возраст. Желбата ја стекнав гледајќи ја мојата мајка додека плете. “
Таа го совладала занаетот со плетење и го претворила во начин на живот .
“Понекогаш се случува и да се заборавам плетејќи до касно бидејќи премногу уживам во плетењето и тоа е нешто што највеќе ме исполнува. Во просек ми требаат 2 часа за да изработам нова играчка. Сите играчки се создадени со многу посветеност и голема љубов.”
Наде има и свои Инстаграм и Фејсбук страници , каде што објавува фотографии од нејзините креативни дела.
Подолу можете да погледнете слики од нејзините слатки плетени играчки!
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram