Шведскиот музичар Мартин Молин има долгогодишно искуство со езотерични инструменти како глокеншпил, трактофон, или теремин. Сега има нов изум – Винтергартан машината со џамилии, музичка кутија која се управува рачно.
Во Винтергартан машината има механизми кои произведуваат звуци на вибрафон, бас, тапан, чембало и други инструменти, а се составени од LEGO делови. Џамлиите се дополнително вметнати и се движат низ машината преку цевки и тунели.
Молин почнал да работи на машината во август 2014 година со надеж дека на проектот ќе потроши два месеци. Сепак, инструментот е многу комплексен, и за него требало да дизајнира и рачно да изработи 3000 внатрешни делови. Целиот процес траел околу 14 месеци.
Погледнете го видеото …
Извор: Colossal