Категории

Интелигентна и талентирана, Ема Вотсон ќе ве инспирира со нејзините мисли

На сите ни е позната по улогата на најумната волшебничка во од Хари Потер, Хермиона, како и по Бела од „Убавицата и Ѕверот“. Ема Вотсон има изградено кариера во која често ги глуми најинтелигентните карактери, а тоа не е случајно, таа е брилијантна млада дама. 

Таа важи за многу повеќе од модна икона. За многу фанови таа е пример за однесување со нејзиниот приземјен однос и добро срце, исклучителна интелигенција и активизам. Ова се некои од нејзините најпознати мисли кои ги има кажано и кои сигурно ќе ве инспирираат:

Не сакам другите луѓе да одлучуваат за тоа која сум јас. Сакам да го одлучам тоа за самата себе.

Не сакам стравот од неуспех да ме спречи да го правам тоа што најмногу го сакам.

Најмногу учиме од грешките, така да колку и некој да може да ти даде совет, мораш да направиш свои грешки со цел да научиш

Не очекувај промените да се случат преку ноќ, иако не се секогаш очигледни, тие имаат многу повеќе влијание отколку што мислите.

Со фотошопирањето и дигиталната манипулација, модата проектира една недостижна слика што е опасно нездрава. Јас сум возбудена за процесот на стареење. Ме интересираат повеќе жените кои не се перфектни. Тие се повеќе привлечни.

Сè што можам да направам е да ги следам моите инстинкти, затоа што никогаш не можам да ги задоволам сите.

Сакам книги кои не се само убави, туку имаат спомени во нив. Како што можат песни, така можат и книгите кога ги читате одново да ве вратат на друго место во друго време.

Јас навистина верувам дека убавината доаѓа одвнатре. Можете да изгледате убаво само ако се чувствувате убаво одвнатре. Тогаш убавината се покажува на вашето лице, на начинот на кој се движите и како се држите.

 

Прегледи:
396
Објавено на:
21.01.2018