Честопати се зборува за можност за префрлување во повисока класа при летање, но што е со можноста да се добие подобра хотелска соба по стандардна цена?
Иако бесплатниот шампањ и поголемиот простор за нозете се одлични работи, вашата хотелска соба е местото каде што секоја вечер доаѓате да се одморите и наспиете. Како да се преселите од стандардната соба за која сте платиле во некоја подобра или евентуално апартман? Како од соба со мал брачен кревет до кралски кревет со поглед кон градот?
Според експертите за патувања, трикот не е да се преправате дека сте на меден месец или да се обидете да го шармирате рецепционерот, туку едноставно да задоцните. Тогаш може да се случи сите стандардни соби да бидат веќе полни, што значи дека ќе мораат да ве сместат во некоја од слободните, поскапите соби.
Истиот трик го потенцираат и инсајдерите од хотелската индустрија, изјавувајќи дека ако случајно задоцните, постои шанса во хотелот стандарни соби да недостасува. Сепак, треба да се има предвид дека ова е генерално категоријата каде повеќето патници го резервираат своето сместување, така што навечер можат да бидат во игра повисока категорија на соби. Покрај тоа, хотелите често закажуваат повеќе простории од нивниот капацитет, претпоставувајќи дека нема да се појават сите гости. Значи, следниот пат кога ќе закажете хотелска соба, испробајте ја среќата и испробајте го ова во пракса.
Мартин М. | Среќа.мк