Американската актерка, свршеницата на принцот Хари и идната принцеза, Меган Мaркл, покрај принцот Хари, ги освои и британците, како и кралското семејство.
Таа е постојано насмеана и со став дека соништата се остваруваат ако навистина сакате. Актерката која на пролет 2018 година ќе има кралска венчавка со принцот Хари, стана миленичка на луѓето ширум светот.
Меган е нејзиното средно име. Рејчел е нејзиното прво име, кое всушност е и името на нејзиниот лик во серијата Suits.
Во 2006 година била дел од популарното шоу „Deal or No Deal“, но не и било некомфорно во таа улога на држење на кутии на толку високи потпетици.
Меган во една пригода изјави дека рачно напишаните пораки се изгубена форма на уметност и навистина е романтично маж да ѝ испрати ваква порака на жена.
Mрази кога со Фотошоп ѝ ги тргаат брчките од фотографиите.
Дел е од низа хумантирани организации. Има посвоено и кученце.
Дипломирала на Northwestern универзитетот и потоа отпатувала во Буенос Аирес за да работи во американската амбасада.
Обожава да готви и секогаш ги изненадува пријателите со своите уникатни рецепти. Омилено ѝ е пилешко месо.
амер
Уште на 11-годишна возраст испратила писмо до тогашната прва дама Хилари Клинтон за да се жали за една реклама, која ги дискриминирала жените. Компанијата подоцна ја променила рекламата.
За неа годините не се пречка. Меган е 3 години постара од Хари.
Меган ќе биде првата Американка која влегла во британското кралско семејство по 1937-та година.