Историјата е многу повеќе од дати, големи битки и листа на технолошки иновации. Историјата е мноштво искуства коишто на подобар или полош начин го смениле човештвото. Еве неколку интересни факти за коишто можеби не сте знаеле:
1. Во текот на Втората светска војна, Германски војник забележал Американски војник којшто бил повреден и наместо да пука во него, тој одлучил да го однесе на безбедно. Неколку години подоцна тие се сретнале и станале пријатели.
2. Абрахам Линколн решил да пушти брада поради 11-годишната Грејс Бедел. Таа му напишала дека ќе изгледа поубаво и помалку тажно доколку има брада и жените ќе им кажат на своите сопрузи да гласаат за него. Така тој пуштил брада и бил избран за претседател на САД.
3. Докторот којшто ги измислил хируршките ракавици ги измислил затоа што бил лудо заљубен во една медицинска сестра. Откако завршил со операција, тој се вратил дома со неговите раце цели измачкани во крв. Затоа тој решил да создаде ракавици за да ги заштити жените што ги сака.