Категории

Интересни факти за дамите кои имаат девојчиња

Кога дознавте дека ќе добиете девојче веројатно веднаш почнавте да размислувате како таа ќе ви биде најдобра пријателка, како заедно ќе одите на кафе, ќе муабетите, ќе ја облекувате како вие сакате итн.

Но колку и да ни се чини дека девојчињата се полесни за чување, верувајте дека и со нив ќе имате по некое изненадување како на пример:

1. Таа ќе биде вашиот стандард за убавина според кој ќе ги мерите останатите

Иако нема јавно тоа да го признаете, сигурно ќе мислите дека вашата ќерка е најубавото живо суштество кое е родено. Ќе бидете уверена дека другите девојчиња не можат да се мерат со нејзината убавина.

И тоа е ок, само ставете и до знаење дека е и паметна, нежна и се останато што ќе ја прави уште поубава.

2. Ќе и купувате нешта кои нема да и требаат

Украси за коса во сите бои, чорапчиња со туфнички, ташнички, машнички и сл.

Нема да помине многу време додека вашата малечка ќе има повеќе модни додатоци од вас.

3. Таа ќе има желба да позајмува ваши работи како ташни, чевли веднаш штом ќе прооди

Девојчињата во себе имаат желба често да се пресоблекуваат, да испробуваат итн. Уживајте во тоа додека е само игра бидејќи нема да помине многу време пред да ви бара пари за вистинските излегувања и состаноци.

4. Ќе собира секакви предмети

Кукли, налепници, моливчиња, шнолички итн. Тоа е својствено за девојчињата, па ниту вашата нема да биде исклучок.

s2

5. Ќе прави проблеми околу средувањето на косата

Нема да сака да се чешла ниту шиша, а најверојатно ќе плаче кога ќе ја однесете на фризер.

Ќе имате мака со косата додека да влезе во фаза кога ќе сака да ја негува правилно. Имајте трпение.

6. Ќе се враќате во детството благодарение на неа

Ако имате стари споменари или филмови кои сте ги сакале како дете, таа ќе сака тоа да го види, а вие ќе уживате додека и раксажувате “како тоа беше во ваше време“.

s3

7. Ќе употребува ваши зборови додека зборува со своите кукли

Совршено ќе ве глуми додека разговара со своите кукли.

Сигурно ќе слушнете “немој така да разговараш со мене“ или пак “ти си прекрасно девојче, знам дека го можеш тоа“.

Тоа е само потсетник дека се ве слуша и треба да бидете внимателна со зборовите.

Прегледи:
604
Објавено на:
28.07.2016