Категории

Интересни факти за Данска кои сигурно не сте ги знаеле

Данска е држава во Северна Европа. Нејзин главен град е Копенхаген. Таа е кралство и е најмала држава на Скандинавскиот полуостров. Добро развиената економија ја прави пример за многу други држави. Но, сте се запрашале ли колку добро ја познавате Данска?

 

Има многу интересни факти кои откриваат многу за оваа земја, но не се доволно познати.
10 од нив можете да прочитате во продолжение:

Според истражувањето на Универзитетот во Лестер, Данците се најсреќни и најспокојни луѓе во светот.

 

Данската застава е најстара застава која и понатаму се користи. Се верува дека е во употреба уште од Линданската битка која била во далечната 1219 година.

 

Обидот за бегство од затвор не се смета за прекршок. Затворениците после тоа ја служат истата казна како и претходно.

 

Данска е првата земја во која отпечатоците од прст се користеле како доказ на суд- во 1902 година.

 

 

LEGO коцките се најпознат дански бренд.

 

Во Копенхаген се наоѓа забавниот парк Тиволи кој е втор најстар забавен парк во светот. Отворен е во 1843 година и во меѓувреме бил инспирација за многу други паркови од овој тип ширум светот, вклучувајќи го и Дизниленд.

 

 

Данската влада во 1989 година донела одлука да ги озакони цивилните партнерства помеѓу хомосексуалците со што им се признати практично исти права како на луѓето во брак.

 

Улицата Строгет во Копенхаген долго време била најдолгата пешачка зона во светот (1.1 километри). Денес има и подолги улици од овој тип низ светот, но повеќето се направени по примерот на Строгет.

 

И покрај високиот животен стандард, многу Данци одлучуваат да не возат автомобил. Главната причина е што регистрацијата на возилата е премногу скапа. Таа понекогаш достигнува и висина од 100% од цената на самиот автомобил.

 

Данците работат од 8 наутро до 4 попладне. Повеќето продавници се затвораат во 5 или 6 попладне, па затоа луѓето купуваат најмногу за време на викенд.