Категории

Интересни факти за Кејт Мидлтон кои не сте ги знаеле

Војвотката од Кембриџ, прекрасната Кејт Мидлтон е инспирација за многу жени ширум светот. Секогаш умерена со насмевка на лицето и беспрекорен стил, таа е достоен член на британското кралско семејство.

Но, постојат и некои факти за неа кои сигурно до сега не сте ги знаеле:

По свадбата со принцот Вилијам на 29 години Кејт Мидлтон стана „најстарата“ кралска невеста во британската историја.

Свадбата на Кејт и Вилијам во 2011 не беше најскапата церемонија на сите времиња. Таа чинеше 34 милиони долари, додека пак свадбата на принцот Чарлс и Дијана чинеше 110 милиони долари.

Кејт Мидлтон на свадбата не го фрли својот бидермаер на немажените девојки, туку според кралската традиција го стави на Гробот на непознатиот војник во Вестминстерската катедрала.

Извор од палата откри дека Кејт својот сопруг милно го нарекува „Big Willy“.

Првиот јавен говор Кејт го одржа во 2012 година во Ipswich, Англија на отворање на една детска болница.

Првото сиво влакно Војвотката од Кембриџ го забележала за време на бременоста со нејзиното прво дете, принцот Џорџ.

Насмевката на Кејт се смета за идеална, но таа не е природна, туку дело на познатиот француски стоматолог Дидие Филон со техниката т.н. „хармонична асиметрија“. Забите намерно не и се направени идентични и сосема бели за да не изгледаат како вештачка холивудска насмевка.

Кејт носи хулахопки дури и кога е многу топло затоа што тие ѝ ги прикриваат несовршеностите на кожата.

Има три белези на челото, добиени за време на спортски активности. Таа тренирала тенис, пливање, кошарка, хокеј итн.

Според фотографите, тајната на убавите фотографии на Кејт е што таа никогаш не гледа во камерата. Практично затоа нема фотографии од неа со полузатворени очи или уморен израз.

Прегледи:
587
Објавено на:
27.01.2018