Категории

Интересни факти за типографијата кои не сте ги знаеле

Типографија е уметноста и техниката на подредување на текстот на начин на кој што изгледа убаво и/или е разбирлив.

Типографијата е посебна гранка во графичкиот дизајн, но не мора да сте професионален дизајнер за да разликувате убаво подреден текст, од лошо натрупан текст. А, не треба ни да сте дизајнер за да ве заинтересираат овие факти за типографијата.

1. Во македонскиот јазик, буквите, според нивната големина, ги делиме на мали и големи. Во англискиот јазик, за голема буква се косити изразот Upper case (превод: горна кутија), а за мала буква – Lower case (превод: долна кутија). Всушност, ова доаѓа од тоа што во поранешните машини за принтање, големите букви стоеле во горна кутија, а малите во долна.

2. Зборот „фонт“ доаѓа од англискиот термин ‘to found’ – да се оформи нешто.

3. Просторот помеѓу два реда се вика ‘leading’. Ова не значи никакво „лидерство“. Всушност, lead е англиското име за олово. Овој збор доаѓа од поранешните оловни бариери што се ставале помеѓу два реда за да се одделат.

4. Англискиот збор „shift“ во превод значи „промена“. Копчето shift на тастатурата, се однесува на старото Shift копче на машините за куцање, кое буквално променувало од мали кон големи букви.

5. Порано, кога требало да се пресече текст и да се стави некаде, буквално го сечеле (cut) со ножици и го лепеле со лепак (paste) на друго место. Од таму идат термините cut и paste.

Прегледи:
605
Категории:
Занимливости
Објавено на:
21.09.2020