Категории

Интересни факти за Велика Британија поради кои се разликува од остатокот од светот

1. Бакингемската палата е изградена на местото на куќа која била бордел. Сега палатата има повеќе од 700 соби: 19 државни соби, 52 кралски, 188 спални, 92 канцеларии и 78 тоалети.

2. Кралицата Елизабета II е далечна роднина со Дракула. Неодамна е откриено дека кралското семејство и Влад Дракула, се во крвно сродство.

3. Ропството било забрането и илегално уште од 19. век, но пред април 2010. не постоел закон во Велика Британија со кој принудната работа била илегална.

4. Кралот Хенри III имал бела мечка како домашно милениче кое го добил на подарок од кралот на Норвешка. Животното живеело во Лондонската кула, а и било дозволено да се бања во Темза за да лови риби.

5. Лондон е првиот град кој имал метро. Идејата била тунелите под земјата да бидат делумно исполнети со вода за да можат мачлите бродови да пловат по нив и да превезуваат патници. Подоцна е одлучено сепак да се направат подземни железници.

6. Биг Бен е во функција од далечната 1858. година. Им пркосел на нападите и војните, но во 1949. година јато птици слетале на сказалката на Биг Бен, и го пореметиле неговото работење, па часовникот доцнел 5 минути.

7. Според сѐ уште важечкиот закон во Северна Ирска е казниво да се посетува кино во недела. Може да добиете казна во износ од 50 фунти, ако така одлучи локалната полиција.

8. Llanfair­pwllgwyngyll­gogery­chwyrn­drobwll­llan­tysilio­gogo­goch е најдолгото име на град/село на светот. Тоа е село во Велс. Името е направено такво за да ги привлече туристите. Може да се преведе како „Црква на Света Марија од базен со бели лешници во близина на брз хидромасажен базен и црквата Свети Тисилиј од црквената пештера.“

9. Во Лондон има повеќе индиски ресторани отколку во најголемите градови во Индија. Некои од популарните јадења кои Англичаните ги обожаваат создадени се токму тука и воопшто не се прават во Индија.

10. Војската на Велика Британија песните на Бритни Спирс ги користи како оружје. Имено, бродовите на Велика Британија ги користат песните на Бритни за да ги одбијат сомалиските гусари.

11. Најмалата скулптура со Лондон се наоѓа на предниот дел на зградата на Флипот Лејн. Прикажува 2 глувци кои се борат за парче сирење. Приказната позади оваа ситна скулптура е всушност трагична. Во времето кога се градела зградата, два градежни работници се скарале, а подоцна се истепале околу тоа кој го изел сендвичот на другиот. Сред кавгата скелето се скршило, тие паднале и погинале. Подоцна се дознало дека ниеден од нив не го изел сендвичот, бидејќи им ги изел глушец.

12. Само во Англија може да изнајмите „пријатели“ за 45 фунти на час, кои ќе плачат за покојникот на погреб, и тоа многу емотивно.

13. Англичаните мијат садови со детергент и не го измиваат! Само ги вадат садовите од детергент и ги оставаат да се исушат. Велат дека тоа го прават со години и генерации и никому ништо не фали?!?!

14. Во бањата и во кујната имаат две славини: една за топла, друга за ладна вода.