Категории

Интересни факти за живеењето во Норвешка кои не сте ги знаеле

Секогаш е интересно да се најде нешто ново во врска со другите држави и култури – дали е тоа далечен остров со малку населеници, или богата Европска држава со 5 милиони граѓани. Секој дел од светот има нешто ново и интересно да ни покаже.

Погледнете ги овие интересни факти за Норвешка!

1.Кога некој ќе објави нова книга, Конзулатот за Уметност во Норвешка купува 1000 копии и ги носи во библиотеки, или 1550 копии ако е детска книга. Идеата е да ги поддржи писателите додека уште работат на својата кариера.

2. Svalbard, мало местенце во Норвешка, е единствена зона во светот без визи. Тоа значи дека било кој може да живее и работи таму без временско ограничвање, без разлика на земјата на потекло.

3. Буџетот за нафта на Норвешка изнесува околу 1 трилион долари. Но, државата на годишно ниво троши само по 3% од буџетот, бидејќи штеди за наредните генерации.

4. Примањата и богатството на секој Норвежанец се јавно достапни информации. Идеата позади ова е дека одбегнувањето на даноци е потешко вака. Ако некој има ниски примања, а вози скапа кола – станува побрзо сомнителен на надлежните органи.

5. Норвежаните го користат зборот „Тексас“ како синоним за нешто лудо. Во минатото, вестерн филмовите биле многу популарни во Норвешка, и најчесто се’ се одвивало во Тексас, па се’ што им изгледа како без ред, го викаат „Тексас“.

6.Во 2013, бившиот премиер на Норвешка Jens Stoltenberg се затскрил и возел такси во Осло. Според него, сакал да слушне што мислат вистинските Норвежани во врска со политичката ситуација.

7. Во затворите, чуварите играат спортови, јадат и прават други активности со затворениците. Се верува дека така се намалува агресијата и се создава чувство на заедница. Иако затворот е со максимална безбедност, сите соби се големи по 10 метри квадратни, имаат плазма телевизор, бања, тоалет, и чисти постели и крпи.

Прегледи:
997
Категории:
Занимливости
Објавено на:
29.10.2020