Категории

Интересни одговори на прашањето: „Каде би сокриле безопасна игла?“

Дали сте фан на детективски ТВ емисии и филмови? Дали едно од Вашите хобија е да гледате крими серии на Нетфликс? Сега е време да го докажете тоа!

Замислете дека имате 5 минути да сокриете безопасна игла во Вашиот дом, од детектив кој има 24 часа да ја најде. Ако не ја најде, добивате 10000 $. Прашањето е – каде би ја сокриле?

Вакво прашање беше поставено на Редит на еден од најпопуларните подтеми – r/AskReddit. Ги одбравме најсмешните, најинтересните и најпаметните одговори, а Вие размислете кој би бил Вашиот одговор на ова прашање.

Не би ја играл оваа игра. Мислам дека во 24 часа, детективот ќе направи повеќе штета на мојата куќа од 10000 долари.
-Ќе ја закопам со последните детективи кои се обидоја да ја најдат.
– Би ја исправил и би ја ставил во пенкало.
Five-Minutes-To-Hide-Paperclip-In-House-Reddit

Во септичка јама. Ако ја најдат, заслужуваат да ги задржат тие 10000 долари.
-Во матирано шише за течен сапун.
-Под ѓонот на мојата чевла. Ќе стојам околу него цело време, значи технички, иглата ќе биде во куќата.
Five-Minutes-To-Hide-Paperclip-In-House-Reddit

Би сокрил друга безопасна игла на многу очигледно место, и кога ќе ја најде, ќе престане да бара.
-Во вентилациона мрежа.
-Во внатрешната корица од книга.
Five-Minutes-To-Hide-Paperclip-In-House-Reddit

-Во неотворена и негибната павлака, внимателно би ја ставил од страните, кај малечкиот простор помеѓу павлаката и пакувањето. Така, дури и да ја отвори павлаката, ќе види дека не е чепната и нема да се сети дека е тука.
Би ја залепил на етикета од некое парче облека.
-Помеѓу две парчиња леб.

Прегледи:
1159
Категории:
Занимливости
Објавено на:
07.10.2020