Дали сте знаеле дека срцето на синиот кит тежи еден тон и чука на секои 10 секунди?
Еве неколки интересни занимливости што најверојатно не сте ги знаеле – некои ќе ви измамат насмевка на лицето, додека други целосно ќе ве шокираат!
- Фламингото ги витка нозете во зглобот, а не во коленото
Колку и да ви изгледа нереално и поразлично, преубавото фламинго стои на врвовите на прстите и нозете не ги витка во коленото, туку во зглобот! Коленото на розовата птица е всушност многу блиску до телото и е покриено со пердуви, така што воопшто не е видливо.
- Сладоледот на стапче го измислило момче (11) сосема случајно
Во 1905 година, едно 11-годишно момче, Френк Еперсон, случајно оставил сода бикарбона и вода во сад, заедно со дрвена лажица. Смесата замрзнала на студениот воздух и така се родил првиот сладолед на стапче. Тој го продал на сосед во близкиот забавен парк, па дури и го патентирал рецептот.
- Јаболката во продавниците можат да бидат стари и до една година
Покриени со восок и сушени со топол воздух, јаболката во магацините можат да стојат многу долго. Дури после 6 до 12 месеци завршуваат на полиците на супермаркетите!
- Октоподот има три срца
И лигњите исто така. Едно срце пумпа крв за сите делови во телото, а другите две се посветени на шкргите.
- Адолф Хитлер бил номиниран за Нобелова награда за мир
Шведскиот политичар кој го номинирал во 1939 година бил ироничен. За иронијата да биде уште поголема, Хитлер подоцна им забранил на Германците да ги прифаќаат овие награди, откако се пошегувале со неговото име.
- Јастогот го чувствува вкусот на храната преку стапалата
Малите влакна на штипалките на јастогот се еквивалентни на човечките рецептори за вкус во устата.
- Најкратката војна на светот траела 38 минути
Кога починал султанот на Занзибар, кој тогаш бил под британско владеење и новиот ја презел власта без одобрение од Велика Британија, ескалирало со бомбашки напад што траел нешто помалку од 40 минути. Тоа било доволно за да се повлече самопрогласениот султан.
- Јазикот на синиот кит може да тежи колку еден слон
Срцето на синиот кит е исто така многу тешко – дури еден тон. Отчукува на секои 10 секунди.
- Некои морски краставици се бранат со стомакот (буквално)
Кога се чувствуваат загрозени, можат да ги исфрлат надвор сите свои внатрешни органи, што се токсични за предаторите. Понекогаш тие се ослободуваат од целиот дигестивен систем, но нивните органи повторно израснуваат.
- Ајфеловата кула првенствено била направена за Барселона
Шпанскиот град ја сметал за грда, па инженерот Густав Ајфел ја проследил во Париз како привремен симбол за време на меѓународната изложба во 1889 година. Таа не им се допаднала ниту на француските критичари, но сепак останала таму.