Категории

Интересно истражување за спиење со мачки и кучиња

Доколку можеби се сомневате, сега е и емпириски потврдено: кучето е исто така најдобриот пријател на жената. Една научна студија донесе недвосмислен заклучок: споделувањето на креветот со куче е подобро за здравјето на жената и го подобрува квалитетот на спиењето многу повеќе отколку споделувањето на креветот со партнер. Значи, поентата е јасна. Ако сакате добар сон, знаете што да направите.

Доколку ве интересира кој го спроведе истражувањето и како изгледаше тоа, ние ќе ви откриеме кој е одговорен за ова важно истражување? Станува збор за американски центар за комуникации наречен Антрозозос. Анкетирани се вкупно 962 жени, кои имаат миленичиња и за тоа како спијат, или со кого го делат креветот ноќе: со партнер, мачка или куче. Околу 55% од жените изјавиле дека го делат својот кревет со своите кучиња, додека процентот на оние кои што спијат со мачки изнесува 31%. Што е со оние кои делат кревет со партнерот? Само 57% од испитаниците рекле дека го споделиле креветот со партнер, но ова сега е небитно за она за што ќе разговараме овде и ќе направиме анализа на тие информации во некоја друга прилика.

Следното прашање што испитаниците требало да го одговорат е квалитетот на спиењето и одговорите биле многу интересни и, за некои, секако изненадувачки. За разлика од спиењето со партнер, кучињата се покажале дека многу помалку го нарушуваат спиењето на нивните сопственици и предизвикуваат посилни емоции на удобност и безбедност кај жените.

Можеби последново објаснување зошто е подобро да спиете со најдобриот пријател на човекот лежи во фактот што сопствениците на овие прекрасни и лојални пријатели се подготвени да го променат и времето за спиење за да ги задоволат потребите на своите миленици. Легнуваат на време во вечерните часови и стануваат рано. Со други зборови, несоницата ќе престане кога ќе го донесете вашето домашно милениче во кревет. Тие се одлични сојузници во борбата против осаменоста. Кучињата се познати дека го сакаат својот сопственик повеќе од себе и се подготвени да го дадат својот живот за да го заштитат. На крајот, тие ја добија титулата за најдобар пријател на човекот, зарем не?

Најчеста причина поради која сопствениците не сакаат да го споделат креветот со куче се влакната и стравот од пренесување на болест. Ако редовно ги четкате бројот на паднати влакна значително ќе се намали. Со заштита од надворешни и внатрешни паразити, во форма на вакцини и ампули, ќе го заштити и кучето и вие самите, така што нема причина за загриженост. Имајте на ум уште еден факт: пренесувањето на болест од куче на човек е исклучително ретка појава. Покрај тоа, се покажа дека присуството и контакт со домашно милениче го развиваат и го зголемуваат имунитетот на децата. Доживејте ја магијата на спиење со вашето домашно милениче.

Гарантираме, нема да зажалите.

Прегледи:
552
Објавено на:
15.08.2019