Категории

Интернет хит: Реакцијата на младоженец кога ќе ја види својата невеста го разнежни светот

Свадбените церемонии секогаш се преплавени со силни емоции, насмевки, но и солзи радосници. Реакција на емотивен младоженец кога ќе ја здогледа саканата невеста пред олтарот, стопли илјадници срца ширум светот.

Кога Габриел Деку ја погледна својата љубов Анабел во невестински фустан, солзи започнаа да течат по неговото лице. 25-годишниот маж плачеше од среќа, а тоа не ги остави рамнодушни присутните.

„Кога се запознавме, јас се имав откажано од помислата за љубов. Сметав дека да имаш животен партнер кој ќе те сака и почитува безусловно, е само приказна прераскажана во филмовите. Но, грешев. Вистинската љубов постои“ – изјавил Габриел.

The most beautiful bridal entrance – St Martin In The Fields – Trafalgar Square, London from De Rienzo Films on Vimeo.

 

Прегледи:
484
Објавено на:
13.06.2016