Категории

Интервју со актерот Игор Ангелов – Коста од Преспав: „Се заљубив на час по математика, а сега со сопругата уживаме во доброто вино“

„Се заљубив на час по математика, а сега со сопругата уживаме во доброто вино“, искрено со актерот Игор Ангелов

Цветко во детската серија „Пет плус“, Цобе во филмот „Година на мајмунот“, многубројни театарски улоги и, конечно, актуелниот Коста во телевизиската серија „Преспав“, е актерот Игор Ангелов, кој сè повеќе ja бранува јавноста со својата трансформација од улога во улога. Игор беше гостин во студиото на „Репортер“, па со него зборувавме за сешто. Од првата улога до муабетот за преспанскиот фраер Коста, кој се пушта на сè што е женско, приказни за кои Ангелов со мерак зборува. „Секако дека во Коста се крие прототип на еден неизживеан маж и баш затоа поминуваме добро кај публиката оти многу ликови од реалниот живот се пресликани тука“, вели Ангелов за хит- серијата „Преспав“, која ја заврши петтата сезона.

Приватно сосема поинаков од Коста, сопруг и татко на два сина, кој секоја година прави свое вино, живее во куќа во Брадовци, има свое лозје, а во бавчата одгледува органска храна. „Оваа година пак направив убаво вино, со помалку шеќерни единици од претходната“, раскажува Ангелов. Од детството што го поминал во Аеродром до тоа како се вљубил во сопругата од која препишувал математика, за Воениот базен и за времињата што и денес му будат спомени, за сопственото лозје и за домашното вино и уште куп приказни за неговиот приватен живот, но и за кариерата – гледајте го видеото.

Прегледи:
1249
Објавено на:
01.02.2021