Категории

Ирина Шајк го откри својот необичен трик за убавина

Преубавата руска манекенка Ирина Шајк, има несекојдневни навики кога е во прашање убавината, и гордо ги сподели со своите фанови.

Таа е една од најубавите жени во светот, така да вредно е да се послуша секој нејзин совет.
Ирина Шајк важи за една од најпопуларните модели во светот која плени со својата природна убавина каде и да се појави.
Таа го сподели својот несекојдневен трик кој и помага наутро нејзиното лице да изгледа свежо и блескаво..

„Кога лицето ви е отечено или не сте спиеле доволно, земете коцка мраз и истријте го подрачјето околи очите, челото и вратот. Ќе видите колку вашата кожа ќе заблеска за минута“ – изјави Ирина која овој трик го практикувала уште од почетокот на нејзината кариера.

„Кога е во прашање шминкањето, помалку е повеќе.
Сакам да нанесувам само коректор каде што е неоходно, но не и пудра. Понекогаш ставам малку хајлатер но не сакам да претерувам!“

Манекенката ги откри и своите тајни за нега на кожата на лицето
„Мојата рутина е едноставна. Лицето го мијам два пати дневно, наутро само со вода а навечер користам и тоник. Сакам да ги променувам своите препарати за нега затоа што ако користам некоја крема или тоник постојано, кожата ми станува масна или сува. Најчесто нанесувам крем, но во лето преферирам серуми.Исто така не излегувам од дома ако не нанесам крема со заштитен фактор,“

Ирина откри и дека парфемите и се слабост

„Не сакам парфеми кои се „посилни“ од мене. Мразам јаки парфеми и не поднесувам кога некоја личност поминува и остава „облак“ од мирис. Сакам лесни, свежи и цитрусни парфеми“ – откри моделот.