Категории

Исчезнува за миг: Најдобар природен лек за забоболка!

Сѐ додека не одлучите да одите на заболекар, испробајте го најдобриот природен лек против забоболка кој редовно се служи во Индија – зачинот каранфилче.

Кај нас каранфилчето е познато како зачин, додаток во варени пијалаци или колачи, а во Индија се употребува за готвење на јадења кои тешко се обработуваат во дигестивниот систем и против забоболка.

Како делува?

Веднаш штом ќе почувствувате болка во забот или непцата, ставете каранфилче на болното место и цврсто загризете.

Држете така 15 минути до половина час.

Болката постепено ќе се намалува, а потоа сосема ќе исчезне.

Кога забоболката е посилна, употребете масло од каранфилче (може да се набави во билни аптеки) кое делува како анестетик.

По ставањето на каранфилче на болното место, пожелно е да втриете и малку масло од каранфилче. Болката ќе се ублажи во рекорден рок, како и кога ќе добиете анестезија кај заболекар.

Освен делувањето како анестетик, маслото од каранфилче има антивоспалително дејство, а добро е и за свеж здив.

Прегледи:
3366
Објавено на:
07.05.2016