Категории

Исклучително важни правила за прв состанок

После долго време си повикана на дејт. Ќе седнеш насамо со него за прв пат.
Ова ти е една прилика да се покажеш во најдобро светло.

Не заборавај дека првиот впечаток е доста важен и не смееш да го упропастиш, а ако го сториш тоа, тешко дека ќе имаш друга прилика. Ви ги откриваме најважните правила за прв состанок – успешен!

-Немој да носиш фустан на првиот дејт. Што и да направиш не дозволувај му да ги види твоите голи колена, затоа што мажите се слаби на колена, а ти не сакаш да ја разбудиш неговата фантазија уште веднаш.

-Шминката не смее да биде нападна, што поприродно тоа подобро.

-Избегнувај прашања за неговото семејство и никако не прашувај го кога ќе се видите следен пат

-Не порачувај големи количини храна во ресторан

-Не носи високи потпетици. Ако е состанок „на слепо“, а мажот е низок, ќе се доведеш и себеси и него во незгодна ситуација.

-Не го проверувај својот телефон без причина, особено ако овој состанок е животна прилика.

-Договри се со пријателка да ти се јави во одредено време, да оставиш впечаток дека си барана.

-Никако немој да се напиеш на првиот состанок.

-Не покажувај слика од својата мачка миленик

-Обавезно запамети го неговото име

-Ако тој го спомне името на својот брат или пријател, запамети ги нивните имиња. Тоа е знак дека внимателно го слушаш кога зборува.

-Дозволи му тој да ја плати сметката

-Без бакнување. Остави го бакнежот за следниот состанок.

-Некако не измислувај приказни за себеси, затоа што на другиот состанок би ги заборавила а тој би можел да те праша нешто за тоа.

А сега кога си веќе спремна, тргнувај и среќно!

Прегледи:
1012
Објавено на:
01.10.2019