Покрај победата и донирањето на наградата во хумани цели, поп пејачот Даниел Кајмакоски во регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“, стекна и искрени пријателства.
Дека е тоа така, Даниел и стенд-ап комичарот Неша Бриџис покажаа со нивната средба од неодамна за која се пофалија на Инстаграм, а водедно докажаа и дека вистинските пријатели не се забораваат.
Имено, Неша специјално за својот македонски пријател решил да допатува во Скопје да се дружат како некогаш. Дека си минале одлично нема сомнеж, а Кајмакоски очигледно се покажал како вистински домаќин и квалитетно го нагостил гостинот.
Извор: Вистина.мк