Категории

Искрени признанија: Каков секс сакате во 2017-та?

Велат дека сексот и довербата се двете клучни состојки на секоја успешна врска. За да имате квалитетен сексуален живот добро треба да се познавате себе си, но воедно и својот секс партнер. Сексот е одлична активност за подобрување на расположението, како и за целокупното здравје, па затоа потрудете се да го имате што почесто.

На крајот од старата и почетокот од новата година, запрашавме дел од вас што би сакале да ви се промени на ова поле. Дали имате неостварена секс желба која што би сакале да ја реализирате во наредните 365 дена? Што би одземале, а што би додале во вашиот сексуален живот во 2017-та?

– Во брак сум 10 години и целиот тој период сексуалниот живот ми е исклучиво со еден партнер, односно со сопругот. Задоволна сум од мојот секс, бидејќи и двајцата сме многу активни на тоа поле. Сепак, она што би сакала во моментов да го променам во нашата врска е да направиме тројка, со уште една жена, која не ја познаваме и никогаш повеќе нема да ја видиме. Сметам дека една жена најдобро го познава женското тело и може да донесе позитивни промени во поглед на нашиот понатамошен физички контакт меѓу мене и мојот сопруг. Блискоста меѓу три голи топли тела е многу еротска – Маријана, 40 години

– Неодамна имав сексуално искуство со мојот сосед, кое беше неверојатно, па навистина би сакала тоа да се повтори. Досега тешко ми било да најдам некој кој ќе ме задоволи во кревет, но се надевам дека новата година ќе ми го донесе тоа – Јулија, 19 години

-Отсекогаш ми биле привлечни црнкињите, па токму затоа во 2017-та година на сексуален план сакам имам искуство со припадничка на црната раса, а може и со две истовремено. Често патувам и се надевам дека оваа сексуална фантазија ќе ја остварам токму во новата година – Зоран, 29 години

– Моментално сум во врска, но со партнерот немаме доволно секс. Сакам да имаме односи барем четири до пет пати во текот на неделата. Од неисполнета желба ми е да пробам секс во јавен тоалет – Бранка, 21 година

– Хм, тешко прашање за човек во долгогодишна врска. Токму затоа, сексуалните желби за 2017-та година ми се делат на желби со партнерот и надвор од врската. Со партнерката сакам да искусам role playing, бидејќи ми звучи мошне возбудливо. Исто така интересно ми е искуството во некој хотел во Скопје, наместо дома, со оглед на тоа дека хотелската соба секогаш предизвикува возбуда, а може да пробаме и секс во јавност. Што се однесува до желби надвор од врската, сакам да пробам тројка, иако не знам колку е реално ова да ми се исполни. Што би се рекло, чисто од љубопитност, to get out of my system – Бојан, 37 години

– Новата година сакам да ми донесе повеќе секс, а исто така и сакам да ми се исполни желбата да имам секс под отворено небо под ѕвезди или пак на плажа додека врне дожд – Саша, 34 години

-Пред месец дена за прв пат станав мајка и искрено уште не мислам на секс. Малку сум исплашена како ќе биде понатаму, дали сексот ќе биде ист, дали ќе уживам…Кога сме кај сексуалните фантазии, сопругот е и повеќе од инвентивен и затоа немам некое посебно барање или неисполнета желба. Прашање на време е само кога повторно ќе се ставиме во „погон“ – Марина 31

-Во последните неколку години ги испробав сите нешта кои што сум ги посакала, од секс на отворено, преку секс играчки, до секс со забранета личност. Единственото нешто што го сакам во новата година е да имаме повеќе сeкс со сегашниот партнер. Поради секојдневните обврски не секогаш постигнуваме онолку колку што јас би сакала, па би било убаво да ја зголемиме динамиката – Андреа 30

– Секс? Од секс сакам сè, ама баш сè! Годинава сакам и еден дечко, млад, згоден, неопходен. Mоже како за промена од досегашниве да има нешто повеќе парички. Хехехе знам дека звучам како спонзоруша, ама веќе на сè се гледа нели? Очекувам година во која ќе ми се исполни секоја сексуална фантазија залеана со многу страст и емоции – Радица, 31

– Партнерот не ме задоволува орално како што јас тоа го сакам. Се надевам дека во новата година ќе стане поискусен во тоа. Исто така, сакам со него да имаме и подив секс – Марија, 20 години

– Сакам повеќе возбудливи моменти во спалната соба. А, што точно? Тоа ќе и го откријам на својата сопруга – Марко, 37

– Подолго време сум сингл и немам партнер, но тоа е поради моите лични желби, бидејќи пред сè сакав јас да се пронајдам како личност. Сега кога веќе знам што сакам, токму во 2017 година, сакам да најдам партнер кој ќе ми одговара психички, но и ќе може да ме задоволи во кревет, онака како што сакам јас. Понекогаш сакам да експериментирам и затоа и тој треба да е расположен за сексуални авантури. Неисполнета желба ми е да користам сексуални играчки, како на пример мал вибратор. Исто така, сакам да пробам секс во тројка, но со луѓе кои не ги познавам. Мислам дека навистина ќе се возбудам од тоа кога ќе ме задоволуваат маж и жена – Ана, 27 години.

Прегледи:
456
Објавено на:
01.01.2017