Категории

Испечатено првото срце во 3Д

Научниците во Израел претставија печатено тридимензионално срце со човечко ткиво и крвни садови, нарекувајќи го тоа како прв и голем медицински пресврт кој допринесува за можностите за трансплантација.

Срцето кое е со големина на зајачко, означува дека прв пат некој успешно дизајнирал и испечатил целосно срце снабдено со клетки, крвни садови и комори- истакна Tal Dvir од Универзитетот Tel Aviv, раководител на проектот.
Тој потсетил дека и порано било испечатено срцето во 3Д, но не со ткиво и крвни садови.
Научниците меѓутоа сметаат дека има многу предизвици пред оперативното тридимензионално срце да биде достапно за трансплантација на пациентите.
Научниците сега мораат да научат со печатеното срце да се однесуваат како со вистинско. Потоа планираат да го тестираат пресадувањето на животни.
„Можеби за 10 години во најдобрите болници ширум светот ќе постојат печатени органи  и оваа процедура рутински ќе се изведува“- смета Dvir, додавајќи дека болниците сепак ќе започнат со поедноставни органи од срцето.