Категории

Исповед на една 40- годишна жена: Како престанав да се нервирам? 40 години ми беа потребни да го научам ова!

Денес наполнив четириесет години. Мојот живот не испадна онака како што планирав. Некои работи, како родителството беа и подобри отколку што замислував, додека од друга страна здравјето ме издаде. Еве што научив на долгиот пат кој траеше 40 години.

40. Единствената личност која треба да ја слушаш си ти. Престани да глумиш и биди она што си!

39. Луѓето нема да те сакаат. Тоа е ОК. Има доста луѓе кои те обожаваат – фокусирај се на нив!

38. Кога ќе остариш не значи дека ќе станеш помудра. Некои луѓе со години ги прават истите грешки. Биди паметна, учи на своите грешки на време и не ги повторувај.

37. Ти најдобро знаеш сѐ во врска со себе, затоа не барај совет од другите. Своите проблеми решавај ги сама!

36. Слушај го срцето, а мозокот полека ќе ги оствари тие желби чекор по чекор.

35. Некогаш е потребно време за да дојдеш до вистината. Затоа само оди напред и ќе научиш сѐ што треба.

34. Грешките се неизбежни. Тоа е животот. Не постои личност на планетата која не греши.

33. Никогаш не ги слушај другите кога ти велат дека тоа е невозможно. Сѐ е возможно ако ти одлучиш да успееш.

32. Никој не знае што го чека во иднина.

31. Ако некој ти каже дека може да ги предвиди случувањата во иднина (на полето на љубовта, животот, финансиите), знај дека лаже.

30. Верувај во своите сонишѕта дури и кога сите мислат дека си луда.

29. Престани да се стресуваш. Здравјето ти е најпотребно, а стресот го уништува.

28. Спиј најмалку 7 часа во текот на ноќта за да можеш нормално да функционираш.

27. Води сметка за своето тело. Тоа е храм на твојата душа!

26. Кажи го своето мислење. Секогаш исполнувај ги ветувањата, без обзир колку ќе те чинат.

25. Самодовербата се стекнува само ако му се препуштите на животот.

24. Искушенијата се моментални, а последиците траат цел живот. А цел живот е долг период!

23. Плановите честопати се пореметуваат. Затоа секогаш имај план Б за да можеш да продолжиш напред.

22. Секогаш следи го својот план, меѓутоа води сметка да го корегираш со тек на времето. Не верувај слепо, прошири ги видиците.

21. Работи паметно, а не вредно.

20. Вистината е секогаш најдобра, без обзир колку и да е лоша понекогаш. Подобро да знаете отколку да претпоставувате и некому слепо да му верувате.

19. Сакај се себеси. Само ако се цениш себеси, тогаш и другите ќе те ценат.

18. Биди љубезна – СЕКОГАШ!

17. Нема секоја љубовна врска да трае цел живот и тоа е сосема ОК.

16. Твојата работа не е да им држиш лекции на другите. Доволно е да даваш добар пример со својот живот.

15. Ако си родител секогаш води сметка за себе, бидејќи децата го прават она што го гледаат од тебе.

14. Промената бара посветеност, дисциплина и повторување.

13. Фокусирајте се на сегашноста.

12. Што и да правиш сега, во мислите нека ти биде твојата иднина.

11. Остави го минатото нека оди во заборав.

10. Не можеш да го промениш човекот. Или прифати го, или продолжи без него.

9. Секогаш сослушај го туѓото мислење. Кога ќе престанеш да слушаш, ќе престанеш и да учиш.

8. Преиспитувај сѐ. Тоа е единствен начин да направиш сѐ како што треба.

7. Твоите уверувања не ја дефинираат твојата личност, затоа внимателно избери ги.

6. Ќе се појават многу препреки на твојот животен пат. Не се бори, научи како да ги совладаш.

5. Твојот ум е моќен. Инвестирај во него, учи секој ден!

4. Никој не знае што се случува кога ќе умреме.

3. Однесувај се кон другите на ист начин на кој сакаш и тие да се однесуваат кон тебе.

2. Да бидеш среќен е одлука.

1. Сѐ додека не се откажуваш од животот, животот нема да се откаже од тебе.