Категории

Исповед на женкарот: Имав повеќе жени отколку што можев да избројам

„Тука сум да споделам зошто бев женкар. Имав повеќе жени отколку што можев да избројам, се само за да ја пополнам празнината која ја имав во себе. Се мразев себеси, мислев дека не вредам ништо, а жените го пополнуваа тоа.“

„Тешко е да се објасни зошто женкарот е таков каков што е, дури и да сака. Тој нема самосвест или емоционална интелегенција. Без внатрешна перспектива, женкарот не е свесен за оан што го прави. После мојата суицидална депресија и интензивна трансофрмација, се разбудив од сонот и станав свесен за она што го правам – за жените кои ги повредив.“

Мајлс Скот кој има 28 години, одлучи да ја сподели својата приказна и да ги открие своите најдлабоки тајни за своето однесување и зошто бил женкар.

„Ние сме предодредени како луѓе да бараме прифаќање и поврзување со другите. Само за да бидеме прифатени, јас го модифицирав своето однесување со текот на годините само за да се вклопам. Спиев со што е можно повеќе жени што придонесуваше да бидам вреднуван од мојата околина. Го користев вниманието кое го добивав од жените за да се чувствувам добро.
Моето однесување беше акт кој резултираше од мојата вредност. Еднаш кога ја создадов идеата за себеси моето его стана зависно од тоа внимание кое го добивав. Ги користев жениете за да се оправдам себеси. Сакав тие постојано да ја потврдуваат мојата вредност во околината, но немањето емоционална интелегенција не ми даваше до знаење дека сето тоа е илузија и никогаш нема да стигнам до степен да се сакам себеси вистински и колку жени да го правеа тоа место мене.

Морав да го задржам имиџот и сликата за себе, тие беа мојата сила. Не сакав да изгледам слаб пред мојата околина.
Емоции? Што се тие?
Избегнував да ги процесирам моите емоции, не можев да ги разберам. Не можев да се разберам себеси и што ме правеше да се чувствувам комплетен, нити да ги разберам жените и нивните емоции.
Мојата цел сега откако се разбудив од илузијата е да се свртам кон мисијата да се сакам себеси пред се. Да ги разберам моите чувства, и мојата индивидуа. Да успеам како таков да се вклопам во светот без да барам оправдување од некого, и да се кријам зад емоциите на жените.“

Прегледи:
401
Објавено на:
17.09.2019