Категории

Исповеди на луѓе кои го преживеале корона вирусот: „Започнува со главоболка и треска а потоа..“

„Температурата нон-стоп варираше. Еднаш имав 38,5 потоа 37,2 а веќе следното утро имав 39“ – се присетува триесет и четири годишна жена

Корона вирусот е по опасен отколку што се мислеше првобитно, а исповедите на луѓето кои го преживеале корона вирусот сведочат дека лекувањето не е воопшто едноставно.

Бројот на заболени од корона вирусот непрекинато расте. Заразени се повеќе од 98 илјади луѓе, а бројот на починати од корона вирус во светот преминува 3,300.

Жртвите на вирусот е постари личности со ослабен имунитет, но постојат и пријавени случаи на млади луѓе.
Личностите со добра општа здравствена состојба се практично сигурни и ризикот од смрт е 0,9 отсто.

Корона вирусот е најопасен за оние кои имаат кардиоваскуларни болести, а стапката на смртност кај нив е 10,5 отсто. Следат оние со дијабетес, хринично респираторни проблеми, хипертензија и рак.

Корона вирусот започнува и завршува на белите дробови затоа што самиот вирус претставува болест на дишните органи. Ваквата зараза се пренесува преку искашлување и кивање на заразените лица. Симптомите во почетокот наликуваат на преладеност: пациентот чуствува грозница и кашла. Состојбата може да се влоши и тогаш настанува воспаление на плуќата. Тогаш може да дојде до прејак одговор на организмот врз вирусната инфекција па имуниот систем почнува да уништува се пред себе дури и здравото ткиво.

Тоа е последната фаза на болеста која почнува да ја уништува плуќата што може да има смртен исход. И да преживее пациентот, можни се трајни оштетувања.

Првиот пациент кој се опорави од корона вирусот е 23-годишниот Хуанг кој опиша како изгледа боледувањето:

-Во рок од недела дена имав грозница и бев лечен во карантин. Во почетокот имав главоболка, вртоглавица и омалаксаност. Кога ситуацијата се влоши отидов во болница. Инјекциите со пеницилин не успеаа да ми помогнат. Не бев во можност да се поместувам и бев под кислород.

Една пациентка по име Пенг (34) од Хубеи, Кина не се јавила на време во болница. Таа посетила доктор дури после недела дена откако почнала да чувствува отежнато дишење.
Веднаш била сместена на интензивна нега, а после две недели болничко лечење Пенг имала негативен резултат на тестот на вирусот и била пуштена од болница.

„Температурата нон-стоп варирање.Еднаш имав 38,5 потоа 37,2 а веќе следното утро имав 39“ – се присетува таа.

Опоравувањето на 47 годишниот Ву од Кинаисто така било макотрпно.

-Бев изненаден кога лекарите ми кажаа дека после 14 дена конечно сум излечен но скенерот и понатаму покажуваше знаци на инфекција на десната страна на мојата плуќа.
Сепак докторот ми рече дека сум излечен затоа што тестот на вирусот е негативен и сега мојот имунолошки систем треба да се избори со болеста.

Иако корона вирусот може да ја оштети плуќата, жена од Ченгду, Кина успеала да се излечи од вирусот а скенерот открил дека нејзината плуќа била во најдобар ред.

Ксао Јао е 28 годишен пациент кој исто така е излечен од оваа болест, тој сподели дека го мачела тешка грозница од која дури имал и халуцинации.Потоа го нападнала тешка кашлица.

-Во почетокот бев сам во собата но постепено болницата се полнеше. Не се туширав 20 дена, немавме ниту пешкири.

На сите излечени пациенти им е наложено двонеделно домашно опоравување а оние кои имаат и најмал симптом на корона вирус веднаш да се јават на лекар.