Категории

Истетовиран од глава до пети! Работи како професор, а децата го обожаваат.

Силван е неверојатно необичен просветен работник и тоа не само во Франција. Најпрво бил учител во Лондон, каде што ја открил љубовта кон тетоважите.


„Бев инспириран од Британците кои што се цели со тетоважи, а се чувствуваат пријатно во својата кожа. Тогаш бев учител веќе 2 години, а со тетоважи ми беа прикриени „ракавите“, едната нога и градите“, раскажува Силван.


„Во француската државна служба дозволено ми е да правам што сакам. Луѓето со кои што се среќавам на работа – деца, нивните родители, моите колеги, сите се навикнати на тоа. Луѓето се поотворени отколку што очекуваме, иако ги има и оние кои ме озборуваат и изјавуваат лоши работи за мене зад грб. Кога станува збор за децата, тие ме прифатија веднаш“, вели Силван.


Левата страна од неговото тело е посветена на тетоважите во ретро „rock’n roll“ стилот, додека на десна страна се наоѓаат јапонски мотиви. Кој мотив за него лично е најдрагоцен?

„Знакот на моето лице, како и различните фази на еволуција на Буда на моите раце и стапала“, одговара младиот учител.

Прегледи:
475
Објавено на:
30.03.2018