Категории

Историска мапа која може да ви покаже кои диносауруси живееле во конкретни места, како изгледала Земјата во одредено време и многу повеќе!

Идеата дека многу одамна, наместо луѓе, имало огромни диносауруси кои се шетале низ Земјата, е истовремено застрашувачка и фасцинантна. Како деца, голем дел од нас глумеле палеонтолози, и копале дупки со стапчиња низ земјата, барајќи фосили, особено откако сме изгледале некоја епизода на Флинстонови.

За денешните деца, светот на знаењата и науката е многу подостапен и поинтерактивен, благодарение на интернетот. А, ова е така и за нас, возрасните, кои се’ уште имаме истражувачки дух и сме заинтересирани за светот околу нас.

Сега постои  мапа која може да ја искористите за да видите во кој период од историјата на Земјата, како таа изгледала, и кои живи суштества постоеле на неа. Мапата ја направил Калифорнискиот палеонтолог Иан Вебстер. Најлево горе можете да си внесете локација која Ве интересира. На средина горе, може да внесете временски период од 20 милиони години до 750 милиони години наназад. Со овие поддесувања, доле лево ќе добиете информација кои диносауруси живееле најблиску до таа локација во тој период, и ќе добиете кратка информација за состојбата на Земјата тогаш, а на големиот глобус на средината ќе добиете егзактна слика од тоа како Земјата изгледала во тој период.

Ако појдете десно горе, наместо да подесувате период со години, може да подесите период во кој се појавил прв одреден вид на жив свет. Може да одберете помеѓу: првите зелени алги, школки, корали, растенија, животни, рептили, инсекти, влекачи, диносауруси, цветови, примати, трева, хоминиди, Панотиа и Пангеа суперконтинентите, Тријас, Јура, Креда, и смртта на диносаурусите.